Во дигиталната ера, кога брендовите се натпреваруваат за секунда внимание, изборот на вистинско место за рекламирање е клучен за успехот на секоја кампања. LED билбордите се водечки тренд во outdoor рекламирањето, а Forb Media ви овозможува уникатна можност: видео промоција на најголемиот LED билборд во најстрогиот центар на Скопје – дијагонално од Соборен храм!
Зошто оваа локација е вистински избор за вашиот бренд?
Прво, тука поминуваат над 130.000 луѓе и над 50.000 автомобили дневно. Вашата реклама не само што ќе биде забележана, туку и ќе остане во сеќавањето на урбаната публика – професионалци, студенти, туристи и потрошувачи од сите генерации. Второ, модерната LED технологија нуди HD и 4K квалитет, а видео рекламите (10-15 сек.) се емитуваат 24/7 – што значи постојана изложеност и свежа комуникација со публиката.
Дополнително, Forb Media овозможува лесно менување на рекламите, специјални извештаи за емитувања и early bird попусти за првите клиенти. Дигиталниот билборд во срцето на Скопје не е само рекламен простор – туку платформа што го гради вашиот бренд во вистинското време и на вистинското место.
Не ја пропуштајте шансата да бидете на централна сцена! Контактирајте нѐ денес за понуда или презентација.